Калинка – нежна грижа за тебе и за природата
Калинка е македонски бренд што носи нов, поприроден и посвесен пристап кон женските производи и секојдневната женска нега.
Создадена со внимание кон современата жена, Калинка верува дека производите што ги користиме секој ден треба да бидат нежни кон телото, внимателно создадени и инспирирани од природата.
Веруваме дека изборите што ги правиме денес го обликуваат нашето утре. Токму затоа, за нас женската нега треба да започне со природни, безбедни и квалитетни производи — создадени со љубов, грижа и почит кон женското тело и природата.
Нашата желба е секој Калинка производ да донесе чувство на удобност, сигурност и доверба, преку внимателно одбрани материјали и пристап што ја става жената на прво место. Нежноста, природноста и удобноста се дел од секој детал, создадени да се вклопат природно во секојдневието на современата жена.
Како бренд посветен на квалитетот и безбедноста, Калинка е поддржана со меѓународно признати сертификати како GOTS, ISO, CE, OK compost, FSC и HALAL — потврда за нашата посветеност кон внимателно одбрани материјали, сигурност и повисоки стандарди во женската нега.
Нашата мисија
Нашата мисија уште од самиот почеток беше јасна — да создадеме производи со кои никогаш нема да мора да правиме компромис со сопственото здравје.
Верувавме дека женските производи треба да бидат повеќе од секојдневна навика. Тие треба да бидат природни, безбедни, внимателно создадени и доволно нежни за најчувствителниот дел од женското тело.
Токму затоа нашата цел беше да создадеме производ што ќе биде изработен од 100% природни и органски материјали, без непотребни хемикалии, пластики, парфеми и состојки што не припаѓаат во производи наменети за женската нега.
Но за нас тоа не беше доволно.
Веруваме дека довербата не се добива само со зборови, туку со квалитет, транспарентност и стандарди што се светски признаени. Затоа секој материјал и секој дел од производот внимателно е избран и поддржан со меѓународно признати сертификати што гарантираат безбедност, потекло, квалитет и одговорно производство.
Нашата мисија е да создадеме производ што ќе донесе чувство на удобност, мекост, нежност и сигурност — производ што ќе биде создаден со вистинска грижа кон жената и нејзиното тело.
Но Калинка не е само производ.
Kalinka е визија за создавање посвесна и поедуцирана заедница — заедница што знае какви избори прави, се грижи за своето здравје и верува во природен, безбеден и внимателен начин на живот.
Веруваме дека секоја жена заслужува услови да живее, расте и се грижи за себе со производи што се создадени во согласност со природата и нејзиното тело.
Бидејќи жената е таа што дава живот, а нејзиното здравје заслужува грижа, внимание и избори без компромис.
Како се роди Калинка?
Калинка се роди од едно едноставно, но важно прашање — дали навистина знаеме што ставаме на најчувствителниот и најинтимниот дел од нашето тело?
Живееме во време кога внимателно избираме што јадеме, што пиеме и какви производи користиме во секојдневниот живот. Се трудиме да живееме поздраво, посвесно и поприродно, но честопати забораваме дека производите што ги користиме секојдневно на нашите најинтимни делови имаат исто толку важно влијание врз нашето тело.
Денес голем дел од женските производи содржат пластика, парфеми, избелувачи, штетни хемикалии и гелови изработени од нафтени деривати — состојки што се далеку од природното и нежното чувство што женското тело го заслужува.
Тогаш ни стана јасно дека одговорот можеби одамна постоел. Нашите баби знаеле дека најдобриот начин на грижа за себе е оној што доаѓа од природата – чист, едноставен и непроменет.
Таму започна приказната за нашиот прв производ со органски памук.
Но не за обичниот памук што денес масовно се користи и поминува низ процеси на избелување, хемиска обработка и индустриска преработка. Туку за органскиот памук — памук што се одгледува без штетни пестициди и токсични хемикалии, внимателно следен и контролиран од самото семе, па сè до финалниот производ.
Органскиот памук се обработува со значително построги стандарди, со значително помалку хемиски процеси и со многу поголема грижа кон природата и човековото здравје. Неговото потекло, обработка и квалитет се контролирани преку меѓународно признати сертификати, со цел секој слој што доаѓа во допир со женското тело да биде што понежен, почист и побезбеден.
Но за нас тоа не беше доволно. Верувавме дека не само памукот, туку секој дел од производот треба да биде внимателно избран, природен и поддржан со сертификати што гарантираат квалитет, безбедност и одговорно производство.
Така се роди Калинка — со желба да создадеме производ што ќе донесе поприроден, понежен и посвесен пристап кон женската нега. Името, нашиот бренд го доби по калинката — овошје длабоко поврзано со природата, женственоста, животот и плодноста. Со својата богата црвена боја, природна убавина и симболика, калинката со векови претставува симбол на женската сила, здравје и нов почеток.
Токму тоа сака да биде и КАЛИНКА — нов почеток на понежна, поприродна и посвесна женска грижа.
Вредности на кои не правиме компромис
100% Природни Материјали
Создадени да донесат природна нежност, чистота и сигурност, без непотребни состојки што не припаѓаат во производи кој секојдневно ги употребуваме.
100% Органски Материјали
Внимателно создадени и обработени според највисоки стандарди, за понежен, побезбеден и поприроден пристап кон женската нега.
100% Биоразградливи Материјали
Создадени за природно и целосно декомпозирање, со поголема грижа и одговорност кон природата и идните генерации.
Дерматолошки тестирани
Подложени на дерматолошки тестирања и контроли со цел да обезбедат поголема сигурност, удобност и доверба при користење.
Хипоалергенски
Внимателно избрани материјали со цел да помогнат во намалување на ризикот од иритации, непријатност и чувствителност, овозможувајќи понежно и побезбедно чувство при користење дури и кај чувствителна кожа.
Природна Дишливост
Внимателно одбраните природни материјали овозможуваат подобра циркулација на воздухот и чувство на свежина, удобност и леснотија при користење.
Природна Апсорпција
Внимателно дизајнирани заштитни линии и повеќеслојна апсорптивна структура што помагаат течноста рамномерно да се задржи и насочи, без употреба на апсорбирачки гелови.
Без штетни состојки
Без додадени парфеми, хлор, синтетички бои, нафтени деривати, апсорбирачки гелови и агресивни хемиски компоненти што би можеле да предизвикаат иритации, чувствителност или да ја нарушат природната pH рамнотежа и удобност на женското тело.
Еколошко Пакување
Пакување изработено од внимателно одбрани материјали со цел помало влијание врз природата, поддржувајќи поодговорен и посвесен пристап кон еколошката одржливост.
